Македонија 23. март 2019. / 13:14

Сарач за Курир: Силјановска ќе победи како авторитет и ќе биде почитувана и тука и надвор од земјата

Сарач за Курир: Силјановска ќе победи како авторитет и ќе биде почитувана и тука и надвор од земјата

Наместо да владее правото и во функција да е правната држава, за жал гледаме политички реваншизам, со скандалозни судски пресуди и обвинувања, затоа на овие претседателски избори треба да победи Силјановска која меѓудругото ќе обезбеди рамноправен третман за сите без разликана етничка, политичка припадност, вели Ердоган Сарач од Движење на национално единство на Турците.

Во интервју за КУРИР, тој зборува за актуелните состојби во земјава, политичката ситуација, претстојните претседателски избори…

Сарач ја оценува ситуацијата во земјава како загрижувачка.

Наводно поради зачленување во НАТО и ЕУ се случија настани кои никогаш нема да се одобрат од мнозинството на граѓаните во земјата. Со уцени, закани, подмитувања и притисоци од невидени размери се смени Уставот на земјата со цел измена на уставното име на Република Македонија. И покрај јасната порака на мнозинството на реферерендумот од 30 септември 2018 година, власта газејќи  го Уставот и законите во земјата го реализиреше барањата на Грција предвидени во Преспанскиот договор. Наместо да владее правото и во функција да е правната држава, за жал гледаме политички реваншизам, со скандалозни судски пресуди и обвинувања. Наместо да се врати довербата во институциите на системот, сега довербата е потполно разнишана со тешки последици по сите слоеви во земјата. Економски, правно, административно нижиме  резултати кои длабоко отстапуваат од саканите и бараните реформи во земјата. Освен условно речено на меѓународен план, наводно поради создадени позитивни меѓудржавни односи на домашен терен владата нема покажано ништо од тоа што ветуваше. Од тука нема ништо позитивно во работата, младите бегааат, а владата нема одговор за ваквите сосотојби во земјата, рекол Сарач.

На прашањето кои се неговите очекувања од изборите, или негова прогноза кој би победил, Сарач одговори:

Според анализите што ги спроведуваме сигурни сме дека Гордана Силјановска Давкова ќе победи како авторитет и ќе биде почитувана како внатре во земјата така и надвор од земјата. Неоспорен авторитет од областа на правните науки, мудроста и вербата во Република Македонија е гаранција дека успешно ќе ја води оваа функција и ќе обезбеди услови за обединување и почитување на различните мислења. Исто така длабоко верувам дека со аргументирани и врз основа на право засновани погледи ќе ја спаси Македонија од поделби и ќе обезбеди услови за рамноправен третман на сите национални заедници во земјата без фафоризирање.

Целото интервју прочитајте го на Курир.