Македонија 15. април 2020. / 13:47

Санитарните инспектори не се овластени да земаат брисеви за корона вирус во супермаркетите

Санитарните инспектори не се овластени да земаат брисеви за корона вирус во супермаркетите

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова, објасни дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема ингеренции за земање брисеви од супермаркетите.

Како што истакна Сотирова одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, единствената превенција е личната свесност и одговорност на граѓаните, а дел од одговорноста е на правните субјекти кои стопанисуваат со објектите.

– Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема ингеренции за земање брисеви од овие места. Единствената превенција што ја повторуваме и ќе ја повторуваме е личната одговорност и свесност на граѓаните што значи почитување на препораките на Владата, дадени претходно како препораки од Комисијата за заразни болести. Дел од одговорноста од сферата на овие прашања носи и правниот субјект кој стопанисува со тие објекти – изјави Сотирова, во одговорот на прашањето дали ДЗС зема примероци за присуство на корона вирусот од супермаркетите.