Само во последните седум денови во Македонија починале 55 луѓе како последица на корона вирусот. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата се искачи на 341, од кои седум беа во потврдени во текот на минатотот деноноќие.
Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години, а во ГОБ „8 Септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.
Во текот на минатите 24 часа регистрирани се и 115 нови случаи на заразени со вирусот и тоа во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2. Од оздравените, 26 се од Скопје, двајца од Велес, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, а бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678.
Најмногу активни случаи има во Скопје– 2007, по што следуваат Тетово со 392, Куманово – 244, Охрид – 175, Струга – 167, Штип 161 случај. Единствени општини без активни случаи се Радовиш, Берово, Виница и Делчево.
Во скопската општина Чаир има 415 активни случаи, потоа во Гази Баба – 207, во Бутел – 173, Карпош – 167, Аеродром – 159, Сарај – 154 и Центар – 150.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.