Македонија 05. април 2019. / 21:56

Само Пендаровски не се појавил на прославата ,,70 години НАТО”

Само Пендаровски не се појавил на прославата ,,70 години НАТО”

Доскорешниот национален координатор за НАТО и актуелен кандидат за претседател Стево Пендаровски на СДСМ и ДУИ не се појавил на прославата по повод 70 годишниот роденден на НАТО што се одржа денеска во Скопје.

На приемот организиран од канцеларијата на НАТО во Скопје присутни биле двајцата други кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река но не и Стево Пендаровски што предизвикало дилеми кај присутните зошто тој како доскорашен национален координатор не дојде на настанот во чест на роденденот на НАТО.

И Силјановска и Река денеска имаат изборни активности но тие биле дел од настанот на кој освен Пендаровски присутни биле половина влада на чело со премиерот Заев, јавната обвинителка Катица Јанева, претставници на опозицијата и други јавни функционери.