Македонија 29. септември 2018. / 15:06

Само 7 излезени гласачи во Австралија: Предавници, како ќе спиете вечер?

Само 7 излезени гласачи во Австралија: Предавници, како ќе спиете вечер?

Гласањето на престојниот референдум почна и заврши во Мелбурн, Австралија. Од 104 пријавени избирачи, излегле само 7 за да гласаат околу договорот што Заев го склучи со соседна Грција за промена на нашето име.

На Фејсбук страницата „Предавници“, се постираат видео снимки од Мелбурн, на кои група македонски иселеници пред избирачкото место ги снимаат сите што гласаат. Луѓето што снимаа им викаа на тие што идат да гласат,

Предавници, како ќе спиете вечер?

Подоцна  Фејсбук страната  групата беше блокирана, а видеата избришани.