Македонија 01. февруари 2019. / 16:34

Самка Ибраимовски: МВР да распореди полицајци во Шуто Оризари кои ќе дежураат 24 часа

Самка Ибраимовски: МВР да распореди полицајци во Шуто Оризари кои ќе дежураат 24 часа

Пратеникот од Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски денеска на прес-конференција изрази жалење за инцидентот што се случи деновиве во Шуто Оризари и побара од МВР да даде одговор што навистина се случило, а притворените полицајци кои тој рече дека биле Роми да бидат пуштени од притвор и да се бранат од слобода или да се стават во домашен притвор.

Бараме од Внатрешната контрола на МВР да утврди што навистина се случило таа вечер во Општина Шуто Оризари и што луѓето, кои се познати како ненасилни и мирољубиви, ги натера на неконтролирано однесување, што на крај заврши за жал, и со примена на сила врз, во тој момент за нив, наводни грабнувачи на деца рече Ибраимовски.

Ибраимовски додаде дека на Фејсбук се испраќале закани до семејствата на притворените полицајци и за  да не се случи ескалирање на ситуацијата побара од МВР да распореди мобилна полицајци во Шуто Оризари кои ќе дежураат 24 часа, но и да се формира полициска станица во општината, која  брои околу 30.000 жители.

Според него, ако во општината имало мобилна полициска станица до овој инцидент воопшто не би дошло. Кажа и дека дента пред да се случи настанот, група граѓани од Општина Шуто Оризари дошле кај него да се пожалат дека деновиве низ општината се движат сомнителни возила со затемнети стакла и без регистарски табличкки, што кај нив создава загриженост и стравување за нивните деца. Побарале од него да се заложи кај МВР да интервенира или да распореди мобилна полиција.

Тој порача дека овој случај не смее да ги наруши односите меѓу Ромите и Албанците кои живеат во општината и апелираше на воздржаност од двете страни