Македонија 06. јули 2018. / 09:45

САД му честита на Ципрас што ја надитрил Македонија

САД му честита на Ципрас што ја надитрил Македонија

Потпретседателот на САД Мајк Пенс во телефонски разговор со грчкиот премиер, му честитал на Алексис Ципрас за постигнатиот договор со Македонија.

– Премиерот ја истакна важноста што ја има овој договор за стабилноста и заедничкиот развиј на Балканот, соопштуваат од кабинетот на Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Пенс и Ципрас, освен за договорот, разговарале и за грчко-турските односи и улогата на Турција во поширокиот регион, но и за зајакнување на грчко-американските економски односи, особено во пресрет на Меѓународниот саем во Солун кон средината на септември кога САД ќе бидат почесна земја. /МИА.