На денешното рочиште во случајот „Рекет“ сведочеше поранешниот обвинител во СЈО, Бурим Рустеми.
Тој истакна дека предметот „Поштенска банка“ се оформил од прислушуваните материјали и имало предлог за притвор за тројца лица но судот тоа не го прифатил и одредил само мерки за претпазливост и одземање на пасошите. Потоа имало предлог за замрзнување на имотите на Томе Главчев и Ратко Димитровски.
Рустеми истакна дека за еден стан кој бил сопстеност на Главчев, Јанева побарала да се тргне од замрзнување бидејќи бил продаден на нејзина пријателка и само би се направила штета.
– Јанева потоа побара да му се врати пасошот на Главчев во замена за гаранции за машини вредни еден милион евра – нагласи обвинителот Рустеми.
Обвинителката Гордана Смаќоска го праша Рустеми како се чуствувал кога дознал за намерите и искреноста на Јанева, по што тој одговори дека по разговорот со Лиле Стефанова дошле до знаење дека е можно станот да е во сопственост на Сашо Василевски.