Македонија 13. март 2019. / 12:55

Русковска за притворот на Чавков: Нема причина да се сомневате во информациите на полицијата

Русковска за притворот на Чавков: Нема причина да се сомневате во информациите на полицијата

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вели дека побарале привтор за Чавков врз основа на оперативни сознанија добиени од МВР и дека нема причина да се сомневаат во информациите на полицијата дека посотои опасност Чавков да избега.

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, вчера заврши во истражниот затворот во Шуто Оризари. Судот на Чавков му одреди нов 30 дневен притвор. Решението за одредување на притворот се базира на наводна службена белешка од сознанија добиени од негов пријател, кој јавил дека Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април.