Македонија 13. ноември 2020. / 14:05

Русковска: Во веледрогеријата „Пановски“ не се врши претрес, се одзема документацијата

Русковска: Во веледрогеријата „Пановски“ не се врши претрес, се одзема документацијата

Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево, по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, влегле во веледрогеријата „Пановски“. Обвинителката Вилма Русковска за „Фокус” појаснува дека не се врши претрес, туку се одзема документација.

-Се постапува по наредба на обвинителството, но не се врши претрес, туку се одзема документација, изјави обвинителката Русковска.

Истрагата е отворена во врска со паралелниот увоз на лекови од Турција.