Македонија 19. ноември 2019. / 19:55

Русковска: Со судии што ја пуштаат Катица дома, нема место во ЕУ

Русковска: Со судии што ја пуштаат Катица дома, нема место во ЕУ

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дало негативно мислење за пуштањето на второобвинетата во „Рекет“ – Катица Јанева, во домашен притвор, вели шефицата на Обвинителството – Вилма Русковска, во изјава за „А1он“.

Со вакви судии нема место во ЕУ, порачува Русковска, која и го води предметот, и притоа за „А1он“ најавува и финансиска истpaга за судиите од Апелациониот суд кои одлучија притворот на Јанева да биде заменет со домашен притвор.