Македонија 24. август 2019. / 18:57

Русковска ја потврди веродостојноста на фотографијата од исказот на Камчев, што ја објавија медиумите

Русковска ја потврди веродостојноста на фотографијата од исказот на Камчев, што ја објавија медиумите

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска ја потврдува веродстојноста на фотографијата од објавената прва страница од записникот, кој прв ја објави Инфомакс. Во овој дел од записникот се наведуваат цитати од исказ на бизнисменот Орце Камчев, обвинет во случајот „Империја”.

Обвинителството, како што соопшти и претходно, нема ги коментира останатите заклучоци и коментари на авторот.

Оргиналните списи од предметот ги поседува само Обвинителството, а копија од нив беше доставена до надлежниот суд, велат од Обвинителството.