Македонија 27. август 2019. / 11:15

Русковска го достави досието за Јанева до Советот на јавни обвинители

Русковска го достави досието за Јанева до Советот на јавни обвинители

Обвинителката Вилма Русковска пристигна во Советот на јавни обвинители каде денеска треба да се одлучува дали ќе почне постапката за разрешување на Катица Јанева. Според информации на НОВА ТВ, Русковска е во Советот на јавни обвинители да ги достави списите кои го побара Советот за случајот „Рекет“, односно конкрентно досието за Јанева.

Русковска на седницата ќе ги образложи причините за притворот на Јанева.

Претседателот на Советот Коле Штерјев не сакаше да го коментира исходот од денешната седица на која покрај обвинителката Русковска ќе присуствува и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Советот на јавни обвинители брои десет члена, затоа што недостасува еден од членовите избран од Собранието. Одлуките го носи мнозинство гласови.

Вчера министерката за правда го повика Советот да назначи в.д. обвинтел за работата на СЈО да не биде блокирана.