Рочиштата продолжуваат со сослушување на сведоци на барање на одбраната
Одбраната во случајот за организаторите на крвавите настани од 27 април побара обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок, покренато од Вилма Русковска, да биде повлечено.
Од сведочењето на пратеникот Илија Димовски, кој беше координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во целост се потврдува неоснованоста на обвинението. Постои обвинение за деловничко постапување и примена на Деловник, а квалификацијата гласи „тероризам“. Сметам дека после овие докази, особено писмените, но и изјавите на сослушаните сведоци нема основи да постои ова обвинение и најреално би било да биде повлечено, изјави адвокатот на одбраната, Еленко Миланов.
Од друга страна, шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Русковска, истакна дека со денешните сведочења одбраната пробува да докаже нешто што е недокажливо, но остава судот да го има крајниот збор со изречената пресудата.
Адвокатите кога ќе бидат обвинители ќе можат да кажат што да направи обвинителот, одговори Русковска, прашана за коментар околу барањето на адвокатот Миланов, обвинението да биде повлечено.
Обвинети во делото се поранешниот спикер Трајко Велјаноски, екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот прв човек на УБК, Владимир Атанасовски.