Обвинителката Вилма Русковска за ТВ21 вели дека првообвинетиот во двата случаи „Рекет“, ниту нешто кажал, ниту пак нешто понудил за време на последните искази, пишува ТВ 21.
Јовановски последно во обвинителството да даде исказ беше на 20 и 23 декември, а на последното рочиште одржано вчера рече дека добивал закани за физичка ликвидација.Во судницата праша, на кој му смета да се дознае целата вистина за случајот „Рекет“, додаде дека тој се чувствува како политички затвореник.
Иако денеска низ некои медиуми, беа објавени информации дека Боки 13 барал да стане заштитен сведок, сепак од обвинителството за ТВ21 ги негирааат овие информации.