Македонија 27. февруари 2020. / 14:31

Русковска: Ако си замине Јовевски ќе си заминам и јас

Русковска: Ако си замине Јовевски ќе си заминам и јас

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во синоќешното интервју на ТВ Алфа обелодени дека нема да оди во адвокатура.

Не одам за адвокат, ама ако си оди републичкиот јавен обвинител Јовески од неговата позиција, тогаш и јас ќе си заминам“, му одговори на водителот на емисијата ‘Што не е јасно’, Саше Димовски, кој на крајот на емисијата ја запраша дали се точни шпекулациите дека таа од обвинителството ќе оди во адвокати.