Македонија 26. јануари 2020. / 12:12

Русковска се огласи за случајот што го објави Ла Верита

Русковска се огласи за случајот што го објави Ла Верита

Обвинителката Вилма Русковска потврди дека објавените документи од италијанскиот весник „Ла Верита“ се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015 година.

Како што вели Рускоска, на распит биле повикани Зоран Заев и неговиот брат, Вице, но случајот во 2018 бил затворен затоа што немало докази дека осомничените сториле кривично дело.

– Тоа што го објави ‘Ла Верита’ се извадоци од истрагата на обвинителството. Кога ќе се видат целите разговори, јасно е дека дело нема – изјави Рускоска.