Јавната обвинителка Вилма Рускоска очекува дека до крајот мај ќе биде подигнато обвинението за организаторите на насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Таа не сакаше да прецизира каков е профилот на сведоците кои досега ги сослушала, но информираше дека оваа недела тече распитот на обвинетите.
-Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок по што ќе ја привршам истрагата- изјави Рускоска.