Македонија 11. мај 2020. / 19:36

Рускоска: Скопското обвинителство може да покрене постапка за најновите „бомби“

Рускоска: Скопското обвинителство може да покрене постапка за најновите „бомби“

Oбвинителката Вилма Русковска, по рочиштето за „организаторите на настаните од 27 април“, истакна дека Обвинителсвото за гонење организиран криминал нема да поведе постапка за раговорите кои деновиве беа пласирани на интернет порталите во кои се слушаат гласовите на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Рускоска сепак, појасни дека смета оти тоа е во надлежност на ОЈО – Скопје.

Русковска потсети дека законска должност е на секој кој што има сознанија, а особено документи за сторено кривично дело од страна на кого било и тој мора да пријави или во полиција или во Обвинитество, во спротивно самиот прави кривично дело.

Обвинителката информираше дека е при крај анализата од двата разговори кои ги доставил Антонио Милошоски е дека за одлуката на Обвинителството јавноста ќе биде запознаена односно одлуката ќе биде објавена.