Македонија 20. јули 2019. / 18:22

Рускоска потврди дека Катица била пуштена на спикерфон додека Боки 13 барал рекет

Рускоска потврди дека Катица била пуштена на спикерфон додека Боки 13 барал рекет

Извори од СЈО за емисијата КОД велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО, пренесува Телма.

Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот–Камчев и изнудувачот Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева. Тоа екслузивно за КОД го потврди обвинителката Рускоска.

КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?

Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.

КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?

Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.

КОД: Пуштен на интерфон?

Рускоска: Да.

Снимките кои сега ги поседуваат обвинителите за организиран криминал покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите а кога на интерфон била вклучувана и Јанева лично тоа исто така било региструрано.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.