За време на рочиштето за случајот „Рекет“, обвинителката Вилма Рускоска се спротистави на барањето на адвокатот Сашо Дукоски, Бојан Јовановски да излезе од притвор.
– Полицијата не го најде Јовановски во библиотека, туку на граница како бега – изјави Рускоска.
Боки на тоа одговори дека немал намера да бега, туку дека одел на одмор на Миконос за што сведочат авионските билети.