Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска побарa притворот на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева да биде продолжен, пренесе Нова.
Како што дознaва НОВА, предлогот за продолжување на притворот утринава е испратен до Судот.
Притворот на Јанева истекува во петок. Таа беше притворена откако Обвинителството ја осомничи за вмешаност во случајот „Рекет“.
Адвокатката на Јанева Ирена Фрчковска најава дека ќе бара укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.
Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.
Советот на јавни обвинители во саботата навечер на вонредна седница ја разреши Јанева од специјална јавна обвинителка, откако Собранието едногласно го изгласа предлогот.
Советот вчера го ставил вон сила решението со кое на Катица Јанева и мируваше позицијата во Јавното обвителство во Гевгелија. Ова значи дека Јанева не само што е разрешена од шеф нА СЈО туку повеќе не е ниту јавен обвинител.