Македонија 18. јуни 2020. / 12:06

Рускоска незадоволна од висината на казната на Јовановски: Очекував најмалку 10 години

Рускоска незадоволна од висината на казната на Јовановски: Очекував најмалку 10 години

Обвинителката Вилма Рускоска се произнесе по пресудата за случајот „Рекет“. Таа рече дека очекувала поголема казна за првообвиниетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

„Задоволна сум од пресудата, но не и од висината на казната, особено за Бојан Јовановски. Очекував најмалку 10 години“, рече Рускоска.

Бојан Јовановски како првообвинет во случајот „Рекет“ денеска беше осуден на 9 години затвор.

Судењето за предметот траеше шест месеци, а обвинението беше поднесено против три лица – Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.