Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски пред судот информираше дека добил известување од обвинителката Вилма Рускоска дека е извештачен мобилниот телефон на Боки.
Претходно одбраната се жалеше дека мобилниот е извештачен само делумно.
Дукоски објасни дека заедно со Боки ќе отидат кај Рускоска да видат што од телефонот е вештачено и доколку тоа е направено во целост ќе го прифатат.