Македонија 21. јули 2020. / 10:55

Рускоска: Имаме докази дека Боки зел околу милион евра од Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски

Рускоска: Имаме докази дека Боки зел околу милион евра од Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски

Обвинителката Вилма Рускоска го презентира обвинението во случајот „Меѓународен сојуз“.

Во своето излагање, Рускоска тврди дека имаат несоборливи докази за обвинетите за делата за кои се товарат.

Да се формира невладина организација е хумано дело, но таа да се темели на лага дека зад неа стои ЕУ е врв на девијантен ум – истакна Рускоска.

Обвинителката објасни дека организацијата „Меѓународен сојуз“ била формирана како што треба и на почетокот помагала на ранливи категории се до моментот кога имале намера да градат станови за возрасни лица.

За таа цел, од бизнисменот Силјан Мицевски биле земени 719.000 евра, додека од Ардијан Амзоски 233.821 евро. Обвинетат Фросина Ременски, пак, била во друштво на Бојан Јовановски на средбите со бизнисмените за да се покаже сериозност во целиот проект.

Имаме докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот – истакна Рускоска.