Македонија 19. февруари 2020. / 13:06

Рускоска го прими аудио записот на Милошоски, по анализата ќе одлучи како ќе го користи

Рускоска го прими аудио записот на Милошоски, по анализата ќе одлучи како ќе го користи

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција преку соопштение извести за средбата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Анотнио Милошоски, со обвинителката Вилма Рускоска.

Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот“, стои во соопштението.

Сребата беше иницирана од Антонијо Милошоски, кој тврди дека снимката му е доставена од лице укажувач.