Министерот за европски прашања на Германија, Мајкл Рот изјави дека можно е луѓето во Македонија да се убедат да гласаат за договорот од Преспа, и дека тој е голема шанса да ја доближи земјата до НАТО и до ЕУ.
„Договорот е единствена шанса што ќе ја доближи Македонија до НАТО и ЕУ и можам да замислам колку е тешко за многу Македонци бидејќи ова е многу чувствително прашање. Но на крај, вреди, со храброст и лидершип, можно е луѓето во Македонија да се убедат. Сакам да ги охрабрам политичките претставници во Скопје да преземат одговорност заради успех. На крајот, луѓето имаат можност да живеат во европска држава во срцето на ЕУ во мир, просперитет и солидарност, затоа сите политички партии треба да играат конструктивна улога и сите партии да застанат зад перспективата на БЈРМ“, вели Мајкл Рот.