ПАРТИИТЕ И НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ
ВМРО во текот на 100 години беше симбол на машкост, непокор и национално достоинство.
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и послушничкото членство до степен на слепа покорност, го употребија симболот на гордост, за приграбување на власта, за пазарење со националните интереси и го претворија во симбол на национална срамота.
Инсталираниве што глумат власт, сѐ без било каква идеологија и без личен морал. Ниту се социјалисти ниту се демократи. Повеќето од нив не го разбираат ниту значењето на терминот социјалдемократ. Тие, покрај тоа што мораат безпоговорно да ги слушаат тие што ги инсталираа и да спроведуваат сѐ, без поговор, безброј пати покажале дека ги мразат и Македонецот кој никогаш не им ја даде власта, и самостојната македонска држава која ја чувствуваат туѓа или поточно тие во ваквата Македонија се чувствуваат туѓи.
Своето преживување, политичко и физичко, го гледаат во исчезнување на македонската држава и на македонската нација, за тие да продолжат да служат во европските институции, а да нема кој да им суди.
Тука сме и ние, народот, без изградено самочувство и многу далеку од разбирање што ќе значи за нас, губењето на македонскиот идентитет и на македонската држава.
Статус на Професорот Горазд Росоклија