Македонија 02. август 2018. / 22:09

Росоклија: Гонењето за “говор на омраза” е вербален деликт – комунистичка измислица

Росоклија: Гонењето за “говор на омраза” е вербален деликт – комунистичка измислица

Вработените (власта) од народот кој ги плаќа да го штитат неговиот интерес, ќе го тужат својот работодавец (народот) од чии пари живеат и тоа живеат луксузно, затоа што е незадоволен од нивната работа, затоа што ги критикува, затоа што ги исвиркува, затоа што ги оценува и како функционери и како личности!

За што?

За комунистичката конструкција ,,вербален деликт“ преименуван во ,,говор на омраза“!

Тоа е она кога некој не ве сака, а вие ем плачете по неговата љубов ем му се заканувате.

Ниту со закон може да наредите некому да ве сака, ниту со закон и закани можете да го спречите да ви каже што мисли за вас, напиша професорот на Колумбија, Горазд Росоклија на неговиот Фејсбук профил.