Европската унија ќе ги започне преговорите за членство со Албанија и Македонија, гласи нацрт-одлуката потпишана од 27-те членки на блокот, до кои Ројтерс имал пристап.
Документот, според Ројтерс, треба да биде готов до крајот на неделава.
Надежите за членство на двете држави од Западен Балкан честопати беа разнишани во последните години, заради скептицизмот изразен пред се од Холандија и Франција во однос на борбата против корупцијата и демократскиот развој во Албанија и Македонија, наведува медиумот.
Сепак, Париз и Хаг во последно време го намалуваат притисокот.
Грција сè уште не донесе одлука, но дипломатски извори велат дека Атина дала зелено светло за одлуката, бидејќи, според Ројтерс, документот содржи одредби за посилна заштита на правата на малцинствата во Албанија.
Ако ниту една земја не се спротивстави на документот, таа би можела да биде одобрена на пладне, соопштија извори на британската агенција