Скопјанецот Владимир Стојановски на социјалната мрежа Фејсбук објави сведоштво за вистинска голгота по македонските болници низ која поминал негов близок роднина од Ресен, позитивен на корона вирусот.
Тој вели дека прво се соочил со несериозен однос и пристап према актуелната пандемија од страна на матичниот лекар во Ресен, а потоа и во Битола, каде што бил пренесен болниот.
Не се тоа симптоми на корона вирус (мислиш 1.000 пациенти поминал со коронавирус во животот) уживај, обична настинка е, пола град е насинат!!! (многу ме интересира дали тој матичен доктор ја знае епидемиолошката историја на градот и дали статистиките велат дека секоја година во јуни „пола“ град е настинат). Во градот како мало место, а за жал и во голем дел од државата вирусот е табу тема! Луѓето го игнорираат од причина да не бидат покажани со прст, а матичните доктори (конкретно за Ресен говорам) не се спремни за ваква пандемија!. – пишува Стојановски.
Тој вели дека со десетици луѓе со кои контактирале од Ресен, пријатели, роднини, познаници, им раскажале слични искуства.
Никој од овие луѓе со кои разговаравме не биле препратени од матичните доктори на тестирање, или пак има и такви кои воопшто и не консултирале доктор! Но тие што ни’ раскажаа дека консултирале доктор го добиле истиот одговор како погоре, „настинка е“ – пишува Стојановски.