Македонија 19. август 2020. / 17:54

Родителите на деца до 10 години ќе бидат ослободени од работа од септември

Родителите на деца до 10 години ќе бидат ослободени од работа од септември

Сите родители на деца на возраст до 10 години и по почетокот на учебната година ќе бидат ослободени од одење на работа како и досега, во рамки на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Одлуката на Владата за ослободување на работа на еден родител на дете до 10 години ќе се продолжи и од септември и ќе важи и за оние родители чии деца ќе одат на училиштe, дознава „СДК.мк“

Часовите во основните училишта ќе траат 30 минути. Целодневна настава не е предвидена, со оглед на одлуката родителите да бидат ослободени од работа со присуство на своето работно место, велат од Министерството за образование.