Блокирана е сметката на Гинекологија поради тужби од родителите на деца родени во 2008 година.
Сметката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство е блокирана поради тужбени барања од страна на родителите на децата родени во 2008 година, а долгот изнесува 410.000 евра. До блокирање на сметката дошло поради тужбите поднесени од страна на родители чии деца таму родени останале слепи. Причина за тоа е задоцнувањето со дијагностицирање на ретинопатија. Од Клиниката тврдат дека во тој период не постоел протокол за посета, односно програма за соработка со очен лекар кој требало да доаѓа и да ја дијагностицира состојбата со новороденчињата.
Поради тешката финансиска состојба, се спроведува кампања за собирање на донации под мотото „Сите ние пријатели на бебињата, биди и ти“. Гинекологија бара помош од граѓаните со цел да купи опрема.
Кај граѓаните оваа кампања не предизвика позитивни реакции, поради тоа што Клиниката е финансирана од државниот буџет.