Македонија 31. мај 2019. / 17:11

Ристовски и Атанасовски одат во куќен притвор

Ристовски и Атанасовски одат во куќен притвор

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје на двајца од обвинетите за нападот во Собранието на 27 април 2017 година мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор, а на еден од обвинетите мерката куќен притвор му ја продолжи за 30 дена.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, а во однос на денеска поднесниот обвинителен акт за настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието, Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кои го прифати предлогот и на двајца од обвинетите мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор, а на еден од обвинетите мерката куќен притвор му ја продолжи за 30 дена, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Што се однесува до обвинителниот акт истиот ќе биде распореден согласно АКМИС системот на Совет за оценка на обвинителен акт.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, претходно денеска информира, дека е поднесен обвинителен акт против четири лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За две лица, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.