Македонија 04. март 2019. / 12:26

Рикер во посета на Македонија: Историјата да биде школо, а не затвор

Рикер во посета на Македонија: Историјата да биде школо, а не затвор

Историјата треба да биде школо, а не затвор – порача денес новоименуваниот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, кој се уште во старото својство престојува во Македонија, или како што порача – дома.

– Пресреќен сум што сум тука. Особено сега кога Северна Македонија направи огромен чекор напред кон нејзиното место во Европа и во НАТО. – порача Рикер, пред да ги упати пораките до сите земји во регионот и да предупреди на опасностите со кои се соочува Балканот од геополитички и внатрува темел на надворешната политика на САД, а ЕУ е една од нивните најблиски партнери во меѓународните напори.

– Додека другите можеби сакаат да го свртат вниманието на нашите разлики, во реалноста ние се согласуваме многу повеќе отколку што не се согласуваме. – порача Рикер за односите со ЕУ.

Според него посветеноста на САД на Членот 5 од доешен аспект.

Рикер кажа дека трансаталнтската заедница останговорот за НАТО, кој значи дека напад на секој член на алијансата е напад и на САД, е железна, додавајќи дека во моментов од Кавказот, Балтикот па до Балканот европските граници се на удар на геополитичките интереси на Русија и на Кина.

– Европа денес без одрекување е центар на геополитичко натпреварување. Во последните години Москва се обидуваше насилно да го прецрта границите во Европа, силеџиски се однесуваше со нејзините соседи, лансираше дезинформирачки и дестабилизирачки кампањи против Западот и воено се засилуваше на нејзините граници. До каде ќе оди во нејзиното малигно влијание беше јасно по обидот да го спречи членството на Црна Гора во НАТО каде што отиде толку далеку што поддржа пропаднат обид за насилно менување на владата во Подгорица. – рече Рикер.

За Кина пак посочи дека со платформата 16+1 и инцицијативата за градење патишта и други проекти сака да го прошири своето глобално присуство и, како Русија, да ја намали солидарноста на Западот. САД и Европа, според него, мораат да работат заедно за да осигураат дека Западот останува како најатрактивен модел за модерни и слободни општества.

Порачувајќи дека заради ваквите предизвици, потребни се потранспарентни и поодговорни влади во регионот, владеење на правото , слобода на медиумите и ангажирани граѓани, место сегашната состојба на поделени и ранливи држави во регионот. Порачувајќи дека клучот за ваквата трансформација се лидерство, храброст, визија и волјата да се преземат ризици, тој го наведе Преспанскиот договор како одличен пример за тоа, додавајќи дека НАТО земјите се натпреваруваат сега кој побрзо ќе го ратификува приемот на нашата земја.

– Цели 27 години меѓусебната недоверба и историските несогласувања меѓу Скопје и Атина го блокираа патот напред. Од мое лично искуство можам да ви кажам дека ова прашање е неверојатно сложено и, според многумина, се сметаше за нерешливо. Да се дојде до оваа точка не беше лесно, се разбира. Толку многу пати инволвираните лидери одбиваа да се откажат од процесот и продолжија. Успехот на Договорот од Преспа е доказ што можат да постигнат напорната работа и компромисот ако одделни лидери демонстрираат лидерство. – порача Рикер.