Медиумот „Република“ го доби спорот со Обвинителството откако беше поднесена кривичната постапка против нив од страна на Јавното обвинителство за текстот „Има пари, нема мир – 6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“.
– Судот, без никакво известување и покана до обвинетиот, без ниту едно одржано судско рочиште, изрече уште една парична казна за истото дело. И не само тоа. Изрече и казна затвор за одговорното лице, односно директорот на медиумот, кој истовремено е и сопственик, во траење од 3 месеци, условно до една година да не стори ново кривично дело, затоа што во средството за јавно информирање биле објавени личности од јавниот живот со цело име и презиме и информација за нивниот работен ангажман. Да бидеме јасни. Посочените во текстот не ја негираат содржината на истата, ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Се суди за објавување на нивните лични имиња. – пишува „Република“.
Целото образложение со документација, прочитајте го ТУКА.