Македонија 05. јануари 2021. / 16:29

„Ренова“ доби фудбалер од Колумбија

„Ренова“ доби фудбалер од Колумбија

Екипата на Ренова ги засили своите редови за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига  (ПМФЛ) со Колумбиецот Џон Еди Мена Перез.

-Перез успешно ги помина медицинските прегледи и од утре започнува со тренинзи, соопшти попладнево прволигашот од Џепчиште.

Ангажманот во Ренова ќе биде прво меѓународно искуство во кариерата за 23-годишниот колумбиски напаѓач.

Ренова во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе стартува од деветтото место со 19 бодови.