На Клиниката за кардиологија во Скопје се тестираат 15 вработени, откако еден од колегите, кој е рентген-техничар, бил позитивен на корона вирус.
Техничарот немал контакти со пациенти, но имал со колегите, кои за работа се поделени во две смени, па ќе се тестираат петнаесетина вработени.
Според првичните сознанија, техничарот не престојувал во странство, па се испитува како и каде се инфицирал со новиот вирус.
Повеќе детали за овој најнов случај на заразен вработен во ЈЗУ се очекува да соопшти министерот Венко Филипче на прес-конференција во 14.30 часот.