Досегашната министерка за правда Рената Дескоска доцна синоќа се прости од министерската фотелја и од политиката.
После 6 години активно учество во политиката, одлучив да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна и научна работа. Благодарам на премиерите Зоран Заев и Оливер Спасовски за досегашната доверба да бидам дел од Владите кои тие ги предводеа. Денеска мандатарот Заев го презентираше составот на идната Влада, во која има искусни досегашни министри кои успешно ги водеа своите ресори и нови лица кои се докажаа во ангажманите кои до сега ги имаа. Посакувам и очекувам оваа Влада да биде успешна во својата работа. Премиерот Заев и целата Влада, а особено новите министри за правда и образование и наука, ќе ја имаат мојата целосна стручна поддршка во водењето на реформските процеси, објави Десковска на Фејсбук.
На нејзиното место во министеркста фотелја за правда ќе седне нејзиниот партиски колега Бојан Маричиќ.
После 6 години активно учество во политиката, одлучив да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна и…
Posted by Рената Дескоска on Wednesday, August 19, 2020