Македонија 26. август 2020. / 18:30

Ременски со видеоснимки ќе го оспорува претресот во нејзиниот дом за предметот „Меѓународен сојуз“

Ременски со видеоснимки ќе го оспорува претресот во нејзиниот дом за предметот „Меѓународен сојуз“

На барање на обвинетата Фросина Ременски судот денеска го затвори за јавност делот од рочиштето од предметот „Меѓународен сојуз“ во кој, требаше да се прикаже претресот во домот на поранешната пратеничка. Ременски преку снимки од видеонадзорот во нејзиниот дом ќе го оспорува претресот во случајот за кој е обвинета за помагање на Бојан Јовановски-Боки 13 во делото измама.

Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видеоматеријалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на Јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом. Во овој случај имаме несоодветна проценка за правење претрес по исклучок во дом кој е отворен и во кој нема опасност од вооружен напад или отпор за да влезе без дозвола и присуство на сопствениците на домот, истакна Ременски.