Македонија 06. февруари 2020. / 12:48

Ременски со порака до Боки: Гледај Собрание, З.З. зборува за тебе и направи катастрофа

Ременски со порака до Боки: Гледај Собрание, З.З. зборува за тебе и направи катастрофа

Обвинетиот Бојан Јовановски имал честа комуникација со пратеничката Фросина Ременски.

Во една од пораките, Ременски му вели на Боки дека Апелација ќе одреди притвор за Орце Камчев на што тој и враќа „Не“. „Дај Боже“, – одговара пратениката.

Сепак, најинтересната порака е кога Ременски му пишува да пушти собраниска седница каде што се говори за неговиот случај.

– Сега зборува З.З, направи катастрофа – му пишува Ременски на Боки.