Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски и почесна претседателка на Меѓународниот сојуз е една од осомничените во новата истрага што денеска ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дознава Нова Тв.
За неа Обвинителството бара мерка за претпазливост, односно да и’ биде одземен пасошот или редовно да се јавува во судот.
Се очекува во текот на денот осомничените, меѓу кои и Ременски, да бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Осомничена според информациите на “Нова” е и Јасна Мандиќ, заменик претседател на Меѓународниот сојуз.