Македонија 20. октомври 2019. / 17:19

Ременски го сменила телефонот 4 дена пред отварањето на истрагата за „Рекет“

Ременски го сменила телефонот 4 дена пред отварањето на истрагата за „Рекет“

Потпретседателката на Собранието и осомничена во случајот Рекет во дело за Меѓународниот сојуз, Фросина Ременски имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата, дознава Телма.

Телевизијата известува дека од обвинителството потврдиле дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата. Досега претрес бил извршшен само во домот на Ременски, но не и во нејзиниот кабинет во Собранието.

Пратеничката имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули. Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.