Македонија 24. август 2019. / 17:04

Ременски до „Република“ и „Инфомакс“: Извинете се или ќе ве тужам

Ременски до „Република“ и „Инфомакс“: Извинете се или ќе ве тужам

Пратеничката на СДСМ Фросина Ременски се огласи по повод текстовите на порталите „Република“ и „Инфомакс“, во кои се наведува нејзина инволвираност во случајот „Рекет“.

Со оглед на фактот дека, лицитирањето со вината и манипулирањето со ширење на дезинформации и клевети за мене и за мојот сопруг ги сметам за напад врз мојата чест и углед, што повлекува и чувство за загрозување на мојата безбедност, ќе ги преземам сите законски дозволени средства за заштита. Барам новинарот кој е автор на текстот во порталот Инфомакс и порталот Република кој објави клеветнички наслов да го повлечат веднаш и да се извинат во спротивно се приклучуваме кон заедничката тужба за клевета од премиерот Зоран Заев и други.Еден од важните начела на правната држава е трагањето по вистината и одбрана на вистината, преку демократски правни средства по институционален пат, напиша Ременски.