Македонија 24. март 2020. / 10:42

Реките со двојно понизок водостој од просекот за март

Реките со двојно понизок водостој од просекот за март

Водостоите на само неколку реки во земјава се во рамки на просекот за март. Двојно пониски се Лепенец кај Скопје, Црна кај Новаци и Сатеска кај Ботун.

Според УХМР, снижени, но не драстично се и нивоата на Вардар кај Велес, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани.

Охридското и Дојранското езеро бележат извесни зголемувања, додека кај Преспанското е забележано одредено намалување.