Рочиштето за случајот Рекет повторно се одложи. Причина е неприсуството на адвокатите на Јанев, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска. За разлика од нив, во судницата беа присутни Јанев, Бојан Јовановски како и обвинителката Лиле Стефанова која требаше да сведочи.
Судијката нагласи дека Фрчкоска има здравствени проблеми и оти има отворено боледување. Кадиев пак се наоѓа на Клиничко боледување. Таа побара од Јанева да се изјасни дали прифаќа нови бранители.
Јас има бранители. Не би сакала да бидам погрешно сфатена. Ваше се одлуките, вие одлучете-рече со тивок глас.
Судијката нагласи дека доколку во понеделник 27.1 не се појават бранителите ќе побараат да се назначат нови бранители.
Боки се пожали дека состојбата му се влошува, бил пред малигнитет
Обвинетиот Бојан се пожали дека неговата состојба се влошува и оти мора да биде хоспитализиран. Тој нагласи дека се чуствува маргинализиран. Тој вели дека бил пред состојба на малигнитет и оти обвинителката не ги прифаќа наодите на специјалистите за да каже дека сум во добра состојба.
-55 пати сум носен на испитувања и не сум експриментален глушец. Ве молам да не си играте со моето здравје-и објасни Јовановски на судијката.