Македонија 05. април 2019. / 10:15

Река за МИА: Ќе се залагам за една република за сите, во која ќе владее законот, а не поединецот

Река за МИА: Ќе се залагам за една република за сите, во која ќе владее законот, а не поединецот

Ќе се залагам за една република за сите, во која ќе владее законот, а не поединецот. Мислам дека овој концепт ќе биде привлечен за сите граѓани, без разлика на националноста, затоа што јас предлагам универзални вредности што досега недостасуваа во политичкиот живот на Северна Македонија, вели во интервјуто за МИА претседателскиот кандидат Блерим Река.

Река за МИА посочува дека концептот на република е концепт за сите, што не трпи дискриминации, а најмалку на етничка основа. Според него владеењето на правото е основното нешто.

Тој истакнува дека не можеме да градиме партиска држава и оти, како што вели, или ќе градиме држава со владеење на законот, или нема да имаме држава.

Смета дека откако Владата ги реши крупните надворешно-политички прашања повеќе нема алиби, ниту изговор за нови политички договарања, а пред се, како што вели, за статусот и иднината на Специјалното обвинителство.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.