Македонија 11. април 2019. / 23:13

Река: Судбината на овој народ не може да остане заложник на поединецот

Река: Судбината на овој народ не може да остане заложник на поединецот

Кандидатот за претседател, проф. Блерим Река, денес ја продолжи неговата кампања во Велес и во селата Горно и Долно Јаболчиште, каде се сретна со граѓани.

Во текот на средбата, проф. Блерим Река, дискутираше со граѓаните околу корупцијата, непотизмот и организираниот криминал, како главна причина за губење на довербата на граѓаните и главна причина за масовно иселување од државата.

Само владеењето на правото во една вистинска Република ќе го искорени управувањето на олигарсите и ќе го врати владеењето засновано на отчетност. Судбината на овој народ не може да остане заложник на поединецот, или било коj да е тој, истaкна Река.