Македонија 08. март 2019. / 11:51

Река: Со непотизам и партизирано судство, датум за преговори со ЕУ нема

Река: Со непотизам и партизирано судство, датум за преговори со ЕУ нема

Блерим Река, кандидат за претседател на Република Македонија вчера гостуваше на 1ТВ каде што говореше дека овие две години нема независно судство, имам непотизам и со овие нешта не може Македонија да добие датум за преговори.

-Нели викаме ние дека многу сме подготвени да добиеме датум за почеток на преговори, а јас ве прашувам можеме ли да добиеме датум со политизирано судство, со непотизирана јавна администрација, со неизвесно СЈО, со корумпирано и ако сакате не само судство туку и државните инструменти, посочи Река при што дури и додаде дека со вакви нешта во Брисел не се оди.

Река рече дека ова што го прават дека се е глатко и се е добро, не е точно, бидејќи без 5-те елементи што ги бара ЕУ, а посебно двете поглавја 23 и 24 се независно судство и владеење на правото, нема преговори.