Македонија 04. април 2019. / 21:44

Река: Со договорот од Преспа, Грција го сочува своето античко минато а Македонија доби европска иднина

Река: Со договорот од Преспа, Грција го сочува своето античко минато а Македонија доби европска иднина

Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и кандидатот Блерим Река денеска во првата ТВ дебата на Телма ги спротивставија ставовите за повеќе прашања, а едно од нив беше и Договорот од Преспа и новото име, Република Северна Македонија.

За Река договорот е вин-вин ситуација, Грција го сочувала своето атничко минато, а Македонија ја доби својата европска иднина.

Река напомена дека меѓународните договори кои ги потпишуваат две страни мошне тешко унилатерално се менуваат и додаде дека тој повеќе стравува оти Договорот може да претрпи промени од грчка страна, доколку таму на власт дојде, некој кој е подесничарски и понационалистички настроен.